Во касарната „Н.Х. Страшо Пинџур“ во Петровец, на ден 07.08.2025 година, се одржа свеченост за прием на должноста командант на Сквадрон за Воздухопловно Техничко Одржување (сВТОд).
За време на свеченоста свое обраќање имаа заменик командантот на вВИНГ и новиот командант на сВТОд.
Заменик командантот на вВИНГ, полковник Игор Чкоров, во своето обраќање, му ја честита должноста на мајор Мухамед Бучи и од него побара максимална посветеност на специфичноста и предизвиците на единицата и постигнување високи резултати при извршување на поставените задачи.
Мајорот Мухамед Бучи во својот говор истакна дека пред него стои обучен и високо мотивиран колектив кој до сега се има справено со секаков вид на задачи, на највисоко ниво. Се заблагодари за можноста да командува и работи со врвни професионалци при што истакна дека и во иднина ќе продолжат да постигнуваат уште повисоки резултати.
На свеченоста присуствуваа заменик командантот на вВИНГ, претставници од Командата за операции, командирите на потчинетите единици и началниците на секции во вВИНГ, како и останати гости од локалната самоуправа.