Денес, 22.08.2019 година во Здружената оперативна команда (ЗОК), се реализира прием на должност началник на штаб во ЗОК на бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.
На постројувањето пред персоналот од ЗОК се обратија генерал-мајор Павле Арсоски и бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски.
Командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски истакна дека трансформацијата на Армијата и полноправното членство во НАТО се наши најважни приоритети и со тоа денешното поставување на началник на штаб во ЗОК ќе придонесе за подобро функционирање на командите и единиците.
Бригадниот генерал Ѓоргоски истакна дека во понатамошниот период очекува успешна соработка и максимално залагање во извршување на задачите.
ЧС/НЈ