Денес, во Командата и штабот на прва пешадиска бригада (1.пбр) во касарната „Страшо Пинџур“ Петровец се реализираше прием на новопроизведени офицери, распоредени на должности во единиците од составот на 1.пбр.
Новопримените офицери беа примени од страна на заменикот на командантот на 1.пбр, полковник Стеван Наумоски со старешините од командата и штабот на 1.пбр.
По искажаното добредојде и честитки за почетокот во активната воена служба во 1.пбр офицерите беа запознаени со мисијата, структурата и задачите кои ги има 1.пбр, како и активностите кои претстојат во понатамошниот период, а во кои тие активно ќе учествуваат. Од нив се очекува да ги применат знаењата кои ги имаат стекнато во текот на нивното школување и ги надградат истите со цел успешно извршување на поставените задачи.
ГЃ/СН