Во касарната „Боро Менков“ во Куманово, со предавање на военото знаме се изврши примопредавање на должноста командант на 1. пешадиски баталјон (1.пб) од составот на 1. пешадиска бригада (1. пбр).
Должноста командант на 1.пб, од потполковник Љупчо Велков, ја прими мајор Шпејтим Черими, кој досега ја извршуваше должноста заменик на командантот на 1.пб.
На церемонијата командантот на 1.пбр, полковник Сашко Лафчиски истакна дека единицата досега даде несебична помош во справување со „COVID-19“, се наврати на досегашните активности кои ги реализираше единицата во изминатиот период и упати честитки до досегашниот и новопоставениот командант. Досегашниот командант, потполковник Велков, се заблагодари на персоналот од единицата за укажаната поддршка во текот на неговото извршување на должноста. Новопоставениот командант, мајор Черими истакна дека крајно совесно и одговорно ќе командува со единицата и се заблагодари за довербата која му е дадена за оваа одговорна функција.
Од припадниците на баталјонот на досегашниот Командант му беше врачена плакета со лого на единицата.
На денешната свеченоста присуствуваа началниците на секции од командата на 1.пбр, команданти на единици од составот на 1.пбр и останати гости.
ЧС