Денес во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец, со воена свеченост се изврши примопредавање на должноста командант на Сквадронот на Транспортни Хеликоптери (стх).
Должноста од досегашниот командант на стх, потполковник Игорчо Стоименовски, кој понатамошната кариера ќе ја продолжи како заменик командант на воздухопловниот ВИНГ ја прими потполковник Кире Бодановски, кој досега ја извршуваше должноста заменик на командант на стх.
На свеченоста свое обраќање имаше командантот на воздухопловниот ВИНГ, полковник Стојко Пејовски, кој оддаде признание на досегашниот командант за вложениот труд и покажаните резултати во периодот на неговото командување со сквадронот, а како круна на сите успеси го истакна добиениот Орден за заслуги, врачен од страна на Претседателот на Република Северна Македонија. На новопоставениот командант му посака успешно командување и постигнување на уште поголеми резултати во процесот на интерирањето на Република Северна Македонија во евро-атланските структури.
Досегашниот командант на стх во своето обраќање, се заблагодари на високиот професионализам и добиената поддршка од припадниците на сквадронот во досегашното извршување на должноста, а на новиот командант му посака успешно извршување на поставени задачи.
Новопоставениот командант истакна дека претставува голема чест да се биде на чело на стх, единица која претставува столб на Воздухопловството и Армијата.
БН