Денес, во касарната „Чојлија“ во гарнизон Петровец, припадниците на тенковскиот баталјон (тб) од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр) во услови на ангажирање на припадниците на Армијата во поддршка на државните институции во спречување на ширењето на пандемијата предизвикана од „Ковид 19“ и со придржување на сите мерки и препораки кои се применуваат во справување со пандемијата одбележаа 19 години од загинувањето на своите припадници во конфликтот во 2001 година.
Денот на загинувањето на капетанот Синиша Стоилов и војникот Фејзо Џељадиновски беше одбележан со полагање на свежо цвеќе пред спомен плочата, поставена во кругот на касарната „Чојлија“ од страна на делегација на 1. пешадиска бригада, тенковскиот баталјон и семејствата на загинатите.
Командантот на тенковскиот баталјон, потполковник Зоран Стојановски, во својот пригоден говор меѓу другото истакна дека поменот за загинатите припадници претставува обврска која припадниците на тенковскиот баталјон и Армијата ја чувствуваат како долг кон своите колеги, кои ги дадоа своите животи за одбрана на татковината, одбраната на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата.
Горди се што во своите редови имаат така храбри, одважни и доследни колеги и соборци, на кои што вечно ќе се сеќаваат.
ГЃ