На ден 15.10.2014 година во базата во Главната Команда на ИСАФ во Кабул од страна на командата за поддршка на базата е оддадено признание на македонскиот контингент за учество и успешно извршена задача на вежбата „Комплексен напад на базата“, организирана од страна на Главната Команда на ИСАФ.
Од страна на командантот на командата за поддршка на базата полковник Пол Џонсон, на македонскиот контингент се доделени сертификати на 23 припадници на македонскиот контингент кои учествуваа во реализација на вежбата.
Во своето обраќање полковникот Пол Џонсон упати пофални зборови до македонскиот контингент за планирањето и реализацијата на вежбата, потенцирајќи дека станува збор за исклучително посветена единица, која во досегашниот период своите обврски и задачи ги извршува совесно, одговорно и максимално професионално.
Командантот на македонскиот контингент се заблагодари на пофалните зборови од страна на командантот на Командата за поддршка на базата и истакна дека и во наредниот период ќе се продолжи со планирање и реализација на комплексни вежби со цел успешно извршување на поставените задачи.