Заменикот на командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), бригаден генерал Орце Јордев оствари средба со новоназначеното нерезидентно одбранбено аташе на СР Германија, потполковник Дирк Вебер и досегашното аташе, потполковник Ханс-Петер Вамслер.
Генералот Јордев му ја честиташе новата должност на потполковник Дирк Вебер, посакувајќи му успех во извршувањето на истата, продолжување и продлабочување на одличната соработка помеѓу СР Германија и ЗОК во доменот на обуката и вежбите.
Средбата е од протоколарен карактер поради завршување на должноста на потполковник Ханс-Петер Вамслер и назначување на новото нерезидентно одбранбено аташе на СР Германија, акредитиран во Република Северна Македонија, потполковник Дирк Вебер.
ЧС/НЈ/ОЈ