Од 29 до 31 октомври, во просториите на Командата за операции во Куманово, се одржа работилница за подготовка на меѓународната вежба “Immediate response 25”со претставниците од потчинетите команди и единици на Генералштабот на Армијата и Командата за операции. Вежбата, која идната година во период од 25 мај до 9 јуни ќе се реализира во Република Северна Македонија, е дел од вежбите “Defender 25” во организација на Вооружените сили на САД. На истата ќе учествуваат околу 2000 припадници од САД, Грција, Австрија, Италија, Албанија, Црна Гора и Косово. Вежбата би се искористила за подготовка на целите на способност на Армијата со учество на Лесната пешадиска баталјонска група, како декларирана единица во НАТО.