Во касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово во работна посета на 3.пешадиски баталјон (3.пб) од составот на Првата пешадиска бригада (1.пбр), беше заменикот на одбранбеното аташе на Република Турција во Република Северна Македонија, мајор Ѓоктук Ѓунѓор. Истиот беше пречекан од страна на командантот на 3.пб, потполковник Ејупи Изеир со дел од старешините од командата и штабот на 3.пб.
Причина за посетата е меѓуармиската соработка и размена на старешини од двете армии и тоа капетан од Армијата на Р. Турција, кој во единицата е во период од 2 до 15.12.2019 година, на должност како командир на прва пешадиска чета во баталјонот, на местото на капетан од 3.пб кој се наоѓа во Турција во дадениот период на истата должност.
За време на средбата се разменија искуства околу работата, сместувањето, обуката и извршување на секојдневните задачи, кај нас и во армијата на Р. Турција. Размената на старешини е вообичаена пракса помеѓу двете армии и оваа пракса на размена на старешини ќе продолжи и во иднина.
ГЃ/ЧС