На ден 21.07.2025 година во командата на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) се одржа работен состанок помеѓу командантот на вВИНГ со дел од командниот состав и стручниот тим од чешкиот воздухопловен ремонтен завод „ЛОМ Прага“, составен од шест експерти. Состанокот го означи почетокот на повеќедневната техничка соработка која ќе трае до 25.07.2025 година, а е насочена кон враќање во оперативна состојба на дел од хеликоптерите Ми-8/МТ од составот на вВИНГ.
Тимот од „ЛОМ Прага“ пристигна со неопходна техничка опрема и резервни делови, кои ќе бидат користени за оспособување на воздухопловите. Оваа активност претставува дел од пошироката поддршка и одржување на борбената подготвеност на воздухопловните капацитети.
Соработката со „ЛОМ Прага“ е дел од континуираните напори за одржување и унапредување на техничката исправност на леталата, како и за зајакнување на капацитетите на вВИНГ преку размена на искуства и добри практики со меѓународните партнери.