На 18 март 2026 година, во Сквадронот за обука и тренинг се реализираше работен состанок помеѓу претставници на компанијата „Leonardo“ од Република Италија и претставници од Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата и воздухопловниот ВИНГ.
Состанокот се одржа во рамки на континуираната соработка и партнерство, со цел размена на информации и координација на активностите поврзани со имплементацијата на договорот за набавка на хеликоптерите за потребите на Армијата. Во текот на средбата беа разгледани досегашните активности, како и насоките за понатамошно постапување во согласност со договорената динамика.
Посебно внимание беше посветено на аспектите поврзани со подготвеноста на капацитетите, логистичката поддршка и планирањето на следните фази од процесот, при што беше потенцирана важноста од координирана и навремена реализација на активностите.
Во рамки на посетата, во командата на воздухопловниот ВИНГ беше реализиран состанок на работната група, на кој на експертско ниво беа разгледани технички и оперативни прашања од заемен интерес, со цел нивно понатамошно усогласување.
Реализираните активности во текот на денот се одвиваа во конструктивна атмосфера и претставуваат заокружена целина во насока на понатамошна успешна имплементација на договорот, во согласност со националните приоритети и НАТО стандардите.
Овој процес уште еднаш ја потврдува посветеноста на Армијата кон континуирана модернизација на воздухопловните капацитети и унапредување на оперативните способности, како и определбата за доследно следење на современите стандарди и зајакнување на интероперабилноста во рамки на НАТО.








