На ден 07.08.2019 година во Здружената оперативна команда (ЗОК) се реализира средба со претставници од тимот за цивилно-воена соработка на ВС на САД.
Во текот на посетата, тимот од САД ги брифираше присутните со организацијата и задачите на CIMIC (цивилно-воена соработка) во единиците на армијата на САД и опции за единиците за CIMIC. Исто така се дискутираше и за настаните од областа на цивилно-воената соработка кои беа реализирани во рамките на вежбата „Одлучен удар 19“ која се реализираше на АП Криволак.
Армијата на САД има развиено одлична билатерална воена соработка со нашата Армија.
ЧС/ПА