Во Центарот за поддршка на обуката (ЦПО) „Пепелиште“ во период од 17-21.03.2014 година се реализираше Финалната Координативна Конференција (ФКК) за вежбата „Македонски Блесок 10“ (МБ-10). Во истиот период во ЦПО „Пепелиште“ се реализира и Иницијалната Планирачка конференција (ИПК) за претстојната ситуационо-тактичка вежба на терен „Брз Рис 14“ која ќе се реализира во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево на која ќе биде оценета декларираната чета која е дел од ЕУБГ 2014-2 од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр).
На ден 19.03.2014 година Министерот за одбрана Талат Џафери и Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески извршија обиколка и увид на работата на планирачките конференции за вежбите „Македонски Блесок-10“ и „Брз Рис 14“.
Во текот на работата на конференцијата, одреден е терминот и местото за „Денот на високи гости“ на кој учесниците на вежбата ќе имаат можност да прикажат дел од активностите со кои се среќаваат во текот на извршувањето на мировните мисии во странство. За успешна реализација на зацртаните планирани активности дефинирани се логистичката поддршка , финансиската конструкција на вежбата, терминот за брифингот со медиумите за вежбата, како и персоналните и материјалните ресурси за реализација на вежбата.
Во текот на петдневната работа на конференцијата, работен јазик беше англискиот, и при тоа беа изработени сите документи за оваа планирачка фаза кои се предвидени со Директивата за планирање на вежби на НАТО 75-3 (Финализирање на Планот на вежбата и негово одобрување, активирање на силите и информации за нивно распоредување, финализирање на почетокот на вежбата, како и Главната листа на настани/инциденти. Изработена е шема на поставеноста на ќелиите и нивното мрежно поврзување за редовна комуникација помеѓу учесниците на вежбата, одредени се реоните на кои ќе се врши извежбување и оценување на единиците на вежбата.
Реализираните активности и заклучоци кои произлегоа од завршетокот на финалната координативна конференцијата овозможуваат справување со претстојните предизвици за успешно реализирање на вежбата „МАКЕДОНСКИ БЛЕСОК 10“.