Во период од 10.02. до 07.03.2025 година успешно се реализираше Курс за инструктори, кој се одржа во просториите за обука во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец. На курсот учествуваа 25 слушатели, а обуката беше спроведена од инструктори од 1.пбр и вВИНГ. Целта на курсот беше да ги подготви слушателите со правилна методика за обука со идните подофицери, инструктори и професионални војници, како и да се подобри нивната способност за примена на најсовремените воени техники и методологии.
За време на курсот беа опфатени повеќе теми: техники од воената обука и инструкции, методика на тактичка обука и методика на ПВНГ.
На свечената церемонија, по завршувањето на курсот, командантот на вВИНГ изрази благодарност за вложениот труд и посветеност на слушателите и инструкторите, нагласувајќи ги позитивните резултати и високото ниво на успешност во реализацијата на курсот.
Претставници од Командата за операции и Првата пешадиска бригада, исто така присуствуваа на настанот, поздравувајќи ги постигнатите резултати и потврдувајќи ја важноста на оваа обука за развојот на армиските структури.
Курсот за инструктори е важен чекор кон зголемување на ефикасноста и стручноста на нашите Вооружени сили, кои континуирано се развиваат за да одговорат на современите предизвици.
ЈИ