Инженерискиот баталјон (инжб) од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр) во периодот од 27.10 до 31.10.2025 година, реализираше стационарно логорување и обука на АП „Криволак“.
Во наведениот временски период, на полигонот за инженериска обука „Мушанци“ се реализираа вежби со боеви минско-експлозивни средства (МЕС) и тоа изработка на мрежа за фитилно палење и палење на експлозивни полнења (е/п), изработка на мрежа за електрично палење и палење на е/п, уривање на елементи и материјали, подготовка и палење на каменометна фугаса.
Како дел од активностите персоналот од инжб изврши и поправка на оштетените патни правци на полигонот.
Со успешната реализација на обуката и вежбите, персоналот од инжб ја покажа својата одлична обученост и професионалност при изведување на вежби со боеви МЕС.








