Денес во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) се организира и реализира првиот ден од петдневниот семинар на тема „Законодавни односи во одбраната“.
На семинарот присуствуваа министерката за одбрана, госпоѓа Радмила Шекеринска и командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски, вршителот на должност Амбасадор на САД госпоѓа Микаела Швајцер-Блум, членови на парламентарната комисија за одбрана и претставници од Министерство за одбрана и Генералштаб на Армијата.
За време на семинарот од страна на говорниците беа истакнати предизвиците со кои се соочуваат Министерството за Одбрана и Армијата во пресрет на претстојното членство во НАТО, а од страна на командантот на ЗОК беа презентирани дел од предизвиците со кои се соочуваат воените лидери во текот на овој процес.
Во завршниот дел на првиот ден од семинарот извршена е обиколка на инфраструктурните објекти на 1.механизиран пешадиски баталјон и командата на резервни сили.
Семинарот „Законодавни односи во одбраната“ ќе се реализира во период од 24.06.2019 година до 28.06.2019 година.