Во периодот од 31.01. до 04.02.2022 година, во кампот за обука „Пепелиште“ беше реализирана работилница за финализирање на документите за вежбата „Блесок 22“ (Б 22).
На самото отворање на работилницата, директорот на вежбата потполковник Зоран Сумрачки го истакна задоволството од досегашниот тек на планирачкиот процес и изработените документи за вежбата, во чии рамки ќе биде реализирано оценување на лесениот пешадиски баталјон (лпб) согласно Стандардите за оценување на борбената готовност на копнени команди и единици на Здружена команда за операции на НАТО (CREVAL).
За првпат во планирачкиот процес беше вклучен и тимот кој ќе биде дел од ќелијата HICON, кој учествуваше во изработката на документите од оперативната наредба на командантот на претпоставената команда, HICON. Покрај Оперативната наредба на командантот на претпоставената команда, беше извршено финализирање на Планот за вежбата и беа идентификувани побарувањата и ограничувањата за Б 22.
Во рамките на работилницата беше реализиран координативен состанок помеѓу тимот за планирање на вежбата, тимот за оценување на лпб и тимот од ќелијата HICON на кој беа допрецизирани сите документи и активности кои се предвидени за успешна реализација на вежбата. Воедно беше реализирано и извидувања на локациите за реализација на Денот за високи посетители (ДВП) на вежбата.
ЈМ/ЗС