Во ЦО „Пепелиште“ во период од 04.03 до 07.03.2019 година се реализира третата националната работилница за вежбата „REGEX 19“ на која учествуваа припадници од Здружена оперативна Команда, 1. механизирана пешадиска бригада, бригадата за логистичка поддршка, Команда за обука и доктрини и полкот за специјални операции.
На отворањето од националната работилница директорот на вежбата, полковник Звонко Мајсторски им посака добредојде на учесниците и даде насоки за работа на работилницата.
Во времетраењето на националната работилница се реализираа следниве активности:
- Дефинирање на целите на обуката (Training objectives) за вежбата „REGEX 19“;
- Оформување и дефинирање на побарувањата според синдикати за вежбата;
- Утврдување на динамичкиот план за активностите на вежбата;
- Подготовка на организациската наредба за вежбата со прилози од синдикатите.
За време на работилницата, одговорните за логистика и комуникации ја посетија касарна „Алексо Демниевски-Бауман” во Велес, каде извршија увид во логистичките и комуникациските капацитети каде што ќе се одржи вежбата .
На крајот од работилницата беа изработени потребните документи за целите на обуката, динамичкиот план за активности и организациската наредба за вежбата.
Во период од 11 до 15.03.2019 година продолжува планирачкиот процес на регионалната работилница во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, со претставници од партнерските земји како и претставници од Здружената команда на НАТО од Неапол.
ЗВ/ЗМ/ЧС/БН