Во период од 06.10 до 10.10.2025 година, во воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) се реализираше активноста „Штабни разговори од областа на воздухопловството со делегација на военото воздухопловство на Република Турција“ од планот за билатерална соработка со Република Турција за 2025 година. Делегацијата од воздухопловните сили на Република Турција беше предводена од бригадниот генерал Ерол Гокмен, кој имаше работна средба со командантот на вВИНГ, полковникот Драган Павловски и стручниот персонал од командата на вВИНГ.
Во текот на средбата се разговараше за тековната воена соработка помеѓу двете земји, при што беа разгледани досегашните активности и беа идентификувани области со потенцијал за понатамошна соработка. Посебен акцент беше ставен на идните заеднички иницијативи, со цел натамошно зајакнување на партнерството и размена на знаења и искуства во воздухопловната област.
Посетата се вклопува во рамките на постојаните активности на воздухопловниот ВИНГ за развој и унапредување на соработката со меѓународните одбранбени партнери.