Командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини, на покана од врховниот командант на Сојузничките сили во Европа, генерал Кристофер Каволи, присуствуваше на свеченоста за смена на командантот на Командата на силите на САД за Европа и Африка. На свеченоста одржана во касарната „Клеј“ во Визбаден, Германија, досегашниот командант, генерал Дерил Вилјамс, командата му ја отстапи на генерал Кристофер Донаху.