Во Здружената оперативна команда (ЗОК) се одржа состанок на командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски со командантите на бригадите и командантите на баталјоните во потчинетите единици на ЗОК.
Од страна на командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски на клучниот персонал од првопотчинетите единици издадени се задачи во врска со претстојната трансформација, задачите кои произлегуваат од членството во НАТО Алијансата како и јакнење на борбениот морал, борбената готовност и психофизичката подготвеност на персоналот од ЗОК.
Во завршниот збор командантот на ЗОК ја потенцираше потребата од воспоставување на стандарди за менаџирање со персоналот, јакнење на меѓусебната доверба и цврста посветеност кон јакнење на обученоста и извежбаноста како на поединецот, така и на воените колективи во целина.
ЧС/БН/ПА