Согласно годишниот план за работа во период од 24 до 28.04.2023 година, на АП „Криволак“ 3. пешадиски баталјон (3.пб) реализира стационарно логорување. За време на логорувањето се реализираа командирски гаѓања со пешадиските одделенија и тактички вежби со командирски гаѓања со пешадиски водови.
Како круна на логорувањето, на ден 27.04.2023 година се реализира тактичка вежба со командирско гаѓање (ТВКГ) на тема „Пешадиска чета во напад засилена со минофрлачки вод 120 мм“.
Во текот на вежбата припадниците на 3.пб ја демонстрираа обученоста при изведување на офанзивни борбени дејства, и синхронизација на огнената поддршка на пешадиска единица во напад.
На вежбата присуствуваа командантот на 1.пбр, бригаден генерал Сашко Лафчиски и претставници од 4. бригада за асистенција на безбедносни сили од Армијата на САД (4. SFAB).