Во период од 9 до 12 декември дел од единиците на Артилерискиот баталјон (артб) од составот на 1. пешадиска бригада реализираа стационирно логорување и гаѓање со хаубици „БОРАН“ на АП „Криволак“.
Во рамките на логорувањето, на ден 12.12.2025 година декларираната единица од составот на артб реализираше програмско артилериско боево гаѓање со хаубица „БОРАН“ 105 мм, на кое беа постигнати одлични резултати.
Целта на гаѓањето беше продолжување на континуитетот на обуката во гаѓање со хаубици „БОРАН“, извежбување на посадите во сигурно и брзо уништување на различни цели на боиштето, како и обука на командирите на одделенија, водови и батерии во умешноста при ракување и управување со огнените борбени средства.
Гаѓањето помина во најдобар ред и со остварените брзи и прецизни артилериски огнови, припадниците на артб уште еднаш ја покажаа подготвеноста и умешноста во ракувањето со огнот и практичното владеење со техничките средства со кои располага единицата.








