Денес, студенти од Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, реализираа посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип.
Студентите беа придружувани од професор д-р Оливер Цацков, раководител на Катедрата за историја и археологија. За време на посетата студентите имаа можност да ја разгледаат спомен-собата и македонската соба, како и да се запознаат со капацитетите на касарната и со дел од вооружувањето и материјално-техничките средства на 2.пешадиски баталјон од составот на Првата пешадиска бригада.
Посетата имаше едукативен и информативен карактер, при што студентите се запознаа со улогата, мисијата и значењето на единицата во Армијата, како и со историското, културното и институционалното наследство што го негува единицата и касарната „Јане Сандански“ во Штип.
Ваквиот вид на соработка претставува значаен чекор кон унапредување и продлабочување на цивилно-воената соработка помеѓу Армијата и образовните институции во државата.
ГЃ/ДЧ








