Со воена свеченост во касарната „Боро Менков“ во Куманово, припадниците на 1. пешадиски баталјон (1.пб) од составот на 1. пешадиска бригада (1.пбр) го одбележаа денот на единицата, денот кога на 26-ти февруари во 1944 година во селото Жегљане, Кумановско, била формирана 3-та Македонско Народно Ослободителна Ударна Бригада.
На свеченоста присуствува делегација од Командата за операции (КО), делегација од командата и штабот на 1.пбр предводена од командантот на бригада, полковник Сашко Лафчиски и командантите на баталјони од составот на 1.пбр и останати гости.
Пред стројот на баталјонот и присутните гости со свои говори се обратија командантот на 1.пбр, полковник Сашко Лафчиски, меѓу другото истакна дека, ние припадниците на Армијата, како дел од НАТО остануваме посветени на нашите обврски кон алијансата, додека командантот на 1.пб, мајор Черими Шпетим се осврна на историското значење на денешниот ден и идните обврски и задачи на единицата.
На одбележувањето на свеченоста беа наградени и пофалени одреден број на офицери, подофицери и професионални војници, а во рамки на одбележување на денот на единицата беше реализирана крводарителна акција, додека за најдобар вод беше прогласен вториот транспортен вод од четата за логистичка подршка. Во текот на утрешниот ден, делегација од баталјонот ќе положи свежо цвеќе пред спомен плочата во с. Жегљане.
ГЃ