На ден 07.07.2015 година во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец и во касарната „Чојлија“ во рамки на состанокот на командантот на прва механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) со клучниот персонал од командата и штабот на бригадата и командантите и командирите на потчинетите единици се реализира тактичко технички збор со тенк Т-72.
Притоа од страна на припадниците на тенковскиот баталјон на персоналот од командата и штабот на бригадата, командантите и командирите на потчинетите единици ги презентираа маневарските можности на тенкот Т-72 на бојното поле.
Претходно, на одржаниот состанок командантите и командирите на првопотчинети единици од 1.мпбр го запознаа командантот на 1.мпбр за состојбата во своите единици, додека од негова страна се дадени смерници и насоки за подобрување на изведување на обуката во наредниот период со акцент на методиката во изведувањето на обуката.