Вчера на ден 22.08.2018 година во воздухопловната бригада (вбр) извршен е прв пробен лет на борбени хеликоптери Ми-24, како дел од техничката проба на хеликоптери во воздух, а по извршувањето на генерален ремонт.
На тој свечен настан присуствуваше и командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), генерал мајор Павле Арсоски, кој што од страна на командантот на вбр, полковник Роберт Малезански, пилотскиот и техничкиот персонал беше запознаен со процедурите за технички прием на борбени хеликоптери Ми-24 по извршување на генерален ремонт.
Со хеликоптерите Ми-24 и нивно враќање во оперативна состојба, значително ќе се зголеми оперативната способност и борбената готовност на воздухопловната бригада и АРМ.
МЈ/НЈ/ПА