Традиционалното одбележување на Денот на резервните офицери на Република Северна Македонија, се организира со кондиционо-едукативен марш во тетовскиот регион на релацијата: с. Лешок, манастир „Св. Атанасиј“ – с. Варвара, манастир „Св. Петка“ во должина од 4 км. во двата правци.
На оваа еднодневна обука, учествуваа 60-ина резервни офицери и подофицери од 5 ООЕ на ОРОРМ (Скопје, Тетово, Прилеп, Кичево и Демир Хисар) и претставниците од командата на резервни сили, полковникот Неџат Лимани и полковникот Томислав Ризоски.
Почетно место на обуката беше во с. Лешок, манастирски комплекс Св. „Атанасиј“ каде учесниците на маршот беа поздравени и запознаени со процедурата за успешно и безбедно одвивање на маршот од страна на претседателот на општинската организациона единица на ОРОРМ Зоран Кироски.
Учесниците на маршот во име на општина Теарце беа поздравени и од градоначалникот на општина Теарце, Исен Асани. За културно историското значење на манастирот „Св. Атанасиј“, говореше игуменот Теодосиј.
По пристигнувањето на учесниците на маршот во манастирот „Св. Петка“ во с. Варвара претседавачот со работното тело на собранието на ОРОРМ Љупчо Вуксанов, ги информира присутните за досегашните активности на ОРОРМ но и за претстојните на домашен и на меѓународен план, како и за соработката и остварените контакти со МО и ГШ на Армијата.
По излагањето на Љупчо Вуксанов, д-р Гоце Георгиев ги информираше учесниците на маршот за учеството на меѓународните активности реализирани во Република Словенија, во Полче/Блед, односно билатерална соработка со Република Словенија и Република Италија и состанокот на ГАМИНГЕР иницијативата.
НЛ/БН