Командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), генерал-мајор Павле Арсоски, во период од 22 до 24 октомври 2018 година, на покана на Командантот на командата на здружени оперативни сили на Бундесверг на Сојузна Република Германија, учествуваше на конференција на команданти и директори на здружени операции во Потсдам, Сојузна Република Германија.
За време на конференцијата беа разгледани следните теми: продолжување или нова операција во ИР Авганистан, анализа на сегашната состојбата во ИР Авганистан и нејзиниот оперативен дизајн пред и по 2021, анализа на поморските операции во Средоземно море, продолжување на поддршката во мисијата во Мали (MINUSMA, EUTM, BARKHANE и други билатерални договори) и идни национални поддршки.
На конференцијата учествуваа претставници од 26 земји.
ЧС/ПА