По повод дваесет години од приемот на Република Полска во НАТО алијансата и петнаесет години членство во Европската Унија, на покана од страна на министерот за одбрана на Република Полска, на главната церемонија свое учество имаше и Армијата претставена од припадниците на 4.механизиран пешадиски баталјон (4.мпб) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр).
На воената парада, која што се одржа на улицата Васлострада во центарот на главниот град на Република Полска, Варшава и присуствуваа триесет и пет држави, со аплауз беа поздравени припадниците на 4.мпб, кои со строев чекор на најдостоинствен начин гордо ја претставуваа нашата држава. Нашето знаме рамноправно со другите држави продефилира по улиците на Варшава и беше голема чест и гордост да се биде во строј со останатите армии, членки на НАТО.
Свеченоста беше проследена од голем број на граѓани, припадници на државите членки на НАТО алијансата, како и државниот врв на Република Полска на чело со претседателот на Република Полска, господинот Анджеј Дуда. Министерот за одбрана на Полска, господин Антониј Мацеревич на припадниците од 4.мпб им врачи плакета за учество на Армијата на воената парада.
ЈВ/ГЃ/ЧС/ОЈ