На ден 12.01.2026 година, припадници од прв пешадиски баталјон, од составот на прва пешадиска бригада, заедно со Општина Кичево, Комуналното јавно претпријатие и волонтерите на Црвениот крст од Кичево, со координирана работа на терен и поддршка во расчистување на последиците од поплавата, значително го забрзаа процесот на нормализација на животот за погоденото население.
Активностите на персоналот од Армијата се покажаа како клучни во расчистување на последиците од поплавите, кои во одлична координација со органите на локалната самоуправа придонесоа за многу кратко време да бидат отстранети последиците.
Армијата останува целосно посветена на заштита и помош на цивилното население и секогаш е подготвена да помогне таму каде што е потребно.
ГЃ/БИ








