Припадниците од Извидувачко-разузнавачкиот баталјон на 16.11.2025 година, по покана од планинарското друштво „Ај Лав Хајкинг Груп“, земаа учество во организираното искачување на врвот Љуботен (2499 метри).
Армијата и овој пат покажа дека е подготвена да придонесе и да биде дел од вакви и слични иницијативи кои го поттикнуваат спортскиот дух, тимската работа и физичката подготовка.
Маршрутата на искачувањето започна од селото Старо Село, општина Јегуновце, до врвот Љуботен, во вкупна должина од околу 24 километри во двата правци.
Армијата ќе продолжи да ги поддржува активностите кои ја унапредуваат соработката со граѓанскиот сектор и придонесуваат за промовирање на здрав и активен начин на живот.








