На покана на Македонската Академија на Науките и Уметностите (МАНУ) на ден 08.05.2015 година, персонал од Здружената Оперативна Команда (ЗОК) присуствуваше на свечениот собир по повод 70 години од победата над фашизмот и 9-ти мај Денот на Европа.
На свечениот собир на кој присуствуваа и голем број на претставници од сите државни и општествени органи и научни установи се реализираа предавања од страна на претседателот на МАНУ академик Владо Камбовски на тема: 70 години нова Европа, академик Иван Катарџиев на тема: Република Македонија – 70 години по победата над фашизмот и од академик Милан Ѓурчинов на тема: Победа над фашизмот и подемот на македонската книжевност и култура.
Активноста е резултат на воспоставената цивилно воена-соработка со оваа највисока научно и уметничка Установа во Република Македонија, во рамки на која во текот на следната недела ќе следува посета на дел од клучниот персонал на ЗОК со цел запознавање со активностите на МАНУ и присуство на академско предавање.