На ден 14.07.2016 година, Армијата на Република Македонија изврши гасење на шумскиот пожар во Националниот парк „Јасен”, во согласност со плановите за употреба на Армијата во поддршка на централната и локалната власт при справување со пожари.
Веднаш после приемот на информацијата за настанатиот пожар, еден хеликоптер МИ 8/17 од составот на воздухопловната бригада, во периодот од 16,00 до 18,00 часот, во 13 налети исфрли 26 тони вода, при што пожарот беше ставен под контрола.
Хеликоптерот на Армијата на Република Македонија беше ангажиран заради густата пошуменост и непристапноста на теренот. Со интервенцијата од воздух, во кратко време, се спречи проширувањето на огнената стихија и поголема штета по шумскиот фонд на Националниот парк „Јасен”.
Со оваа интервенција, припадниците на воздухопловната бригада ја потврдија својата спремноста за брзо реагирање и умешноста за гасењето на шумските пожари на непристапните делови на територијата на Република Македонија.