На ден 24.05.2014 година, пристигнаа припадниците на АРМ од контингентот кој се подготвува за следната ротација за мисијата „ИСАФ“ кои од 13-23.05.2014 година учествуваа на мултинационалната вежба „Платинест Орел 14-2“ во Романија.
Вежбата „Платинест Орел 14-2 “ се изведува секоја година во армискиот полигон „Бабадаг“ кој е најголем и најмодерен во Романија, со цел подготовка за мировни мисии, подобрување на интероперабилноста помеѓу партнерските армии и зајакнување на меѓусебните односи преку заедничка обука.
На вежбата покрај припадниците на АРМ учествуваа и припадници на осмиот марински корпус на Вооружените сили на Соединетите Американски Држави и припадници на армиите од Романија и Бугарија.
За време на двонеделната обука рамноправно со останатите учесници нашите мировници изведуваа и ги споделуваа своите знаења во противтерористички вежби, напредни вежби во гаѓање на подвижни и неподвижни цели, справување со импровизирани експлозивни направи, воени операции во населено место и боречки вештини.
Со завршување на вежбата припадниците на АРМ кои се дел од следната ротација на контингентот „ИСАФ“ го збогатија своето воено искуство кое во голема мерка ќе им користи во текот на извршување на задачите во мировната мисија.