Во период од 19.05 до 21.05.2014 година на армискиот полигон (АП) „Криволак“ со припадниците од инженерискиот баталјон (инжб) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада се реализира вежба со боеви минско експлозивни средства (МЕС) „Уривање на елементи и материјали“.
Стационарното логорување, (инжб) го реализираше во летниот логор „Стрела-1“ на АП Криволак, при што се реализирани следните теми:
- Уривање на земја и елементи од армиран и пренапрегнат бетон,
- Уривање на елементи од дрво и
- Уривање на челични елементи и материјали.
На ден 21.05.2014 година се реализираше вежбата број 3 „ Уривање на елементи и материјали “ под директен надзор на командантот на инжб, кој воедно и учествуваше во подготовката и реализацијата на вежбата.
По завршување на вежбата беше извршена анализа со заклучок дека целта на вежбата (обука на војниците во правилна и безбедна работа при мануелни операции и стандарди при уривање на елементи и материјали) е во целост постигната со што е зголемена и борбената готовност на единицата.