Согласно годишниот план календар за обука на баталјонот на Воена полиција за 2019 година, периодот 09-11.04.2019 година, во ЦО „Пепелиште“, клучниот персонал од командата и штабот на баталјонот на Воена полиција реализираа „Вежба на карта“.
Целта на вежбата беше извежбување, повторување и надградување на воено-стручните знаења на персоналот на баталјонот на Воена полиција во процесот на донесување на воена одлука, прикажување на оперативна ситуација на карта, тимска работа при донесување на одлука, размена на веќе стекнатите знаења и др.
Вежбата на карта се реализираше со решавање на тактичка задача по одредена претпоставка, со целосно разработување на чекорите од процесот на донесување на одлука, како и изведување на вежбата со командантско извидување на клучниот терен.
Од извршената анализа, по завршувањето на вежбата, е заклучено дека целта на вежбата е постигната, а од сите учесници на вежбата е прикажан висок степен на професионалност, мотивираност, обученост и одлична тимска соработка.
ДГ/КН/БН