Делегација од воени аташеи од повеќе земји акредитирани во Република Северна Македонија (резидентни и нерезидентни), беа во обиколка на јужната граница во поширокиот реон на Гевгелија. Во нивна придружба беше командантот на Здружената оперативна команда, генерал-мајор Павле Арсоски и командантот на 1.мпбр, полковник Драган Ковачки со клучниот персонал. Делегацијата го посети граничниот премин со Република Грција и караулата „Богородица“, каде беше реализиран брифинг за состојбата на ангажираните единици од составот на 1.мпбр, како дел од Армијата ангажирани на јужната граница за поддршка на МВР во справување со мигрантската криза.
Обиколката од воените аташеа е редовна активност која се реализира на годишно ниво врз основа на Програмата за соработка на Министерството за одбрана со Асоцијацијата на воени аташеи во земјава.
ГЃ/БН