Денес на барање на Црвен Крст, во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец и касарната „Чеде Филипоски-Даме“ во Кичево се реализираа крводарителни акции.
Крводарителните акции беа во организација на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје во соработка со Црвениот Крст. Во двете акции учество зедоа вкупно 85 припадници и тоа 48 од гарнизонот Петровец и 37 од гарнизонот Кичево.
Екипите од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот Крст ја искажаа својата благодарност кон персоналот на 1.механизирана пешадиска бригада и не го криеја задоволството од подарените 85 крвни единици.
СМ/БН