
Мисија:
Обезбедува максимална исправност и сигурност на воздухопловно-техничките материјални средства (BTMC) и отстранување на поголеми неисправности и оштетувања кои се јавуваат во текот на користењето на BTMC. Врши опслужување на воздухопловите и снабдување со резервни делови и воздухопловно убојни материјални средства.
Задачи:
- Во рамките на одржување на воздухопловите реализира периодични прегледи (50 ч ПП, 100 ч ПП, 200 ч ПП), замена на витални делови, поправка и замена на подсклопови, склопови, агрегати и системи на воздухопловите.
- Конзервација и чување на неоперативните воздухоплови.
- Обезбедува снабдување со воздухопловни горива, мазива, масти и гасови, земско напојување на воздухопловите, привлекување и отстранување од полетно слетните површини при неисправност, осветлување и наведување на писта.
- Обезбедува складирање, чување и дотур на воздухопловни убојни материјални средства и складирање, чување и дотур резервни ВТМС и ТМС.
Мајор Мухамед Бучи
Мајор Мухамед Бучи е роден на 25.04.1989 година во Скопје, Република Северна Македонија.
Образование
Во период од 2003-2007 година учел во СУГС „Зеф Луш Марку“ во Скопје, а во период од 2008-2013 година студирал и дипломирал на Воена Академија „Васил Левски“ – воздухопловен Факултет „Георги Бенковски“ во Плевен, Република Бугарија.
Втор циклус студии ги завршува во 2017 година на Воздухопловен факултет „Георги Бенковски“ во Плевен и се здобива со титула Магистер по воздухопловна техника и текнологија.
Воена кариера
Воената кариера ја започнал како воздухопловен инженер во Сквадрон за воздухопловно техничко одржување во 2014 година. Во досегашната кариера извршувал повеќе командирски должности на ниво на флајт. Од 31.07.2025 година е поставен за Командант на Сквадрон за воздухопловно техничко одржување.
Инженер за техничка подготовка е на авион Злин 242Л, хеликоптер Ми-8МТ/17, хеликоптер Бел-206Б3 и на хеликоптер Ми-24.
Учествувал на повеќе воени вежби во државата и во странство и има завршено повеќе курсеви во државата.
Има добиено НАТО медал за учество во мировната мисија „eVA“ во Република Бугарија.
Повеќе пати е наградуван и пофалуван. Активно го користи англискиот јазик.
Мајор Мухамед Бучи е оженет, татко на три деца.
Во досегашната кариера ги извршува следните должности:
- Командир на 1 – Флајт за воздухоплови и мотори во Сквадрон за воздухопловно техничко одржување, 2014-2018 година;
- Командир на Флајт за одржување и опслужување на воздухоплови во Свадрон за борбени хеликоптери, 2018-2023 година;
- Командир на Флајт за одржување и опслужување на воздухоплови во Хеликоптерски сквадрон, 2023 година;
- Командир на Флајт за одржување и опслужување на воздухоплови во Свадрон за обука и тренинг, 2023 – 2025 година;
- Командант на Сквадрон за воздухопловно техничко одржување, од Јули 2025 година.
Унапредувања:
- Поручник 2014-2017;
- Капетан 2017-2023;
- Мајор 2023.

1992 година
- Единицата за одржување на воздухопловите беше формирана уште од самиот почеток на постоење на Военото воздухопловство и противвоздушната одбрана. Се формираше во 1992 година како Воздухопловно-техничка чета за одржување (ВТЧо) во 2 и 3 степен во состав на воздухопловната база.
- Првично Единицата за воздухопловно-техничко одржување започнува да функционира со одржување на воздухопловите Утва-66 и Утва-75.
1994 година
Интензитетот на работа се зголемува со пристигнувањето на хеликоптерите Ми-17 во 1994 година.
1996 година
Одржување и опслужување на авионите ЗЛИН 242Л.
2001 година
Одржување и опслужување на хеликоптерите Ми-8, Ми-24, УХ-1Х и авионите Су-25. Истовремено во тој период биле реализирани специјализирани обуки на персоналот со зголемување на нивната стручност.
2005-2025 година
- При трансформација во 2005 година се формираше Сквадрон за воздухопловно-техничко обезбедување (сВТОб), а денеска единицата го носи називот Сквадрон за воздухопловно-техничко одржување.
- Во поглед на одржувањето и опслужувањето на воздухопловите остварена е соработка со МВР и ДЗС.







