Во периодот од 19 до 22.10.2020 година, во касарната „Јане Сандански“ во Штип, со придржување кон сите мерки и препораки за заштита од КОВИД-19, беше реализирана работилница за изработка на планот (EXPLAN) за вежбата „Одлучен удар 21“
На отворањето на работилницата во своето обраќање кон учесниците директорот на вежбата полковник Блаже Николовски ја истакна важноста на документите кои ќе бидат изработени, а кои понатаму ќе бидат основа врз која ќе се креира и организира целокупната вежба. Притоа изврши дефинирање на обврските и одговорностите со цел насочување на персоналот кон исполнување на доделените задачи.
Покрај изработката на планот за вежбата за време на работилницата беше реализирана и средба со претставници од 15. инженериски баталјон од Армијата на САД и претставници од канцеларијата за соработка во одбраната при Амбасадата на САД, во рамките на извидувањето за претстојната заедничка обука на инженериските единици од двете армии на АП „Криволак“.
Планирачкиот процес за вежбата „Одлучен удар 21“ продолжува во месец ноември со учество на тимот за планирање на вежбата на Финална планирачка конференција (ФПК) за вежбата „Defender Europe 21“, под чиј чадор како национална вежба влегува и вежбата „Одлучен удар 21“.
ЈМ/БН