Заедничките активности и обука на припадниците од инженерискиот баталјон од Командата за операции и 15.инженериски баталјон на Вооружените сили на САД на армискиот полигон (АП) „Криволак“ продолжуваат со несмален интензитет.
Се работи на изградба на нови и поправка на постоечките сообраќајници, објекти за вежби и обука, магацини, стрелишта и полетно – слетна писта за беспилотни летала.
За време на активностите ќе се изгради нова и ќе се реконструира дел од постојната инфраструктура на АП „Криволак“, како дел од подготовките за претстојната вежба „Одлучен удар-21“. Воедно преку наведените активности и заедничката обука според стандардите на НАТО, се зголемува интероперабилноста во процедурите и фамилијаризација со инженериските средства кои ги користат двете единици.
Со реализација на планираните активности ќе се подобрат условите за успешна реализација на вежбата „Одлучен удар-21“, а сето тоа ќе резултира и со осовременување на АП „Криволак“ како современ воен тренинг центар.
Вежбата „Одлучен удар 21“ ќе се одржи во периодот од 17.05. до 01.06.2021 година на АП „Криволак“ и на неа, покрај Армијата на Република Северна Македонија со 1.100 припадници, ќе учествуваат и армиите на САД со 300 припадници, на Р. Грција и Р. Бугарија со по 20 припадници.