Во касарната „Младите Европјани” во Помозотин, се одвиваше заедничка обука на припадниците од Четата за атмоска, биолошка и хемиска одбрана од Армијата со припадниците од Косовските безбедносни сили. Обуката, која траеше 2 недели, се одвиваше под раководство на DTRA (Defence Threat Reduction Agency), US Marines CBIRF и 71st Civil Support Team од Националната гарда на Ајова.
Заедничката обуката вклучуваше теоретски и практичен дел во врска со управување на опасни материи, каде што учесниците ги покажаа нивните вештини за да ги отстранат сите проблеми околу идентификација и управување на опасни материи.
Единицата беше посетена од страна на заменик-командантот на Косовските безбедносни сили, генерал-мајор Енвер Цикаќи и командантот на Националната гарда на Косовските безбедносни сили, бригаден генерал Наим Хазири при што беа искажани пофални зборови за постигнатиот успех на вежбата со акцент дека оваа соработка е многу значајна, а обуката од ваков карактер позитивно влијае на подигнување на интероперабилноста на двете земји при одговор на АБХ закани.
Континуираната поддршка од страна на американската амбасада во Република Северна Македонија преку DTRA, овозможува припадниците на Четата за атомска, биолошка и хемиска одбрана да ги подигнат нивните лични и колективни капацитети за да бидат во готовност да одговарат при АБХ закани, не само во Република Северна Македонија, туку и во останатите НАТО земји.