На ден 21.10.2023 година контингентот од мисијата КФОР во Р. Косово при извршување на задача во Манастирскиот комплекс „Високо Дечани“ во Косово, дел од припадниците од водот учествуваа во асистирање и извлекување на повредено цивилно лице од локалното население со тешка повреда (фрактура на левата нога).
По консултација и одобрување од командата на Регионална команда – запад веднаш била повикана брза помош. Активноста е успешно реализирана и покрај непроодниот пат и оддалеченоста од околу 2 километри во планински предел.
За настанот и реакцијата на контингентот од мисијата КФОР се добиени пофалби од највисокото раководство на Регионална команда – запад како и од командата на баталјонот на ВС на Р. Италија.
На овој начин припадниците од Армијата на Република Северна Македонија уште еднаш ја покажаа нивната подготвеноста за помош на цивилното население, кое досега го покажаа во слични вакви ситуации.