Врз основа на Годишниот календар за обука на Логистичка база (ЛБ) за 2026 година, на 30 март со старешините од ЛБ е реализирано командантско извидување, а со цел извидување на просторот и согледување на неговите воено-географски карактеристики и логистички капацитети.
Извидувањето е реализирано на правецот Скопје – Кичинички камен (Врбен) – Трница (Кораб) – Манастир Св. Јован Бигорски – с. Долно Мелничани (Центар Жупа) – с. Вевчани – Скопје.








