Врз основа на Годишниот календар за обука на Логистичка база (ЛБ) за 2025 година на ден 30.05.2025 година со старешините од ЛБ е реализирано командантско извидување во зоната на одговорност на ЛБ, со цел извидување на просторот и согледување на неговите воено-географски карактеристики.
Извидувањето е реализирано на правецот Скопје – склад за воени резерви Еребино – Маврово село Дуф – превој Барбарас – ATS Самоков – Пештера Пешна – Чифлик село Белица – Скопје.