По повод 30 години Армија, денес, во ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје, се реализираше акција за доброволно дарување на крв на која крв даруваа припадници од Логистичката база како и дел на првопотчинетите единици.
Во крводарителската акција, која се организира во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, припадниците од Логистичката база, почитувајќи ги сите мерки и протоколи предвидени за заштита од вирусот „Ковид-19“, даруваа вкупно 17 крвни единици за потребите на здравствените установи.
Припадниците на Логистичката база покрај извршувањето на своите редовни работни задачи, остануваат верни на традицијата за доброволно дарување на крв, и со тоа ја покажуваат својата хуманост на дело.
Екипите од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот Крст уште еднаш ја искажаа својата благодарност кон припадниците на Логистичката база за подарените крвни единици.
ЗВ/ММ