Во период од 1 до 26 април 2024 година, во Одделот за медицинска обука (ОМО) при Воено медицинскиот центар, се реализираше „Основен и Напреден курс за животоспасувачи“. Учество зедоа припадници на повеќе единици од Министерството за внатрешни работи: Единица за брзо распоредување, Специјална антитерористичка единица „Тигар“, Посебна единица за поддршка и Оддел за заштита на определени личности и објекти.
Слушателите на курсот теоретски и практично ги совлада знаењата и вештините при животоспасување во случај на медицинска итност, ургентен третман на повредени и заболени, нивно тријажирање, евакуација и брз транспорт до соодветна медицинска установа. Стекнатите индивидуални и тимски способности и капацитети за предболничко згрижување на повредени и заболени, слушателите ги презентираа на завршната вежба изведена пред претставници од нивните единици, кои воедно имаа свое обраќање при завршната церемонија и доделувањето на сертификатите. Стекнатите знаења, техники и вештини се значајни за учесниците за нивно професионално усовршување во единиците.