Денес се реализираше воена свеченост по повод примопредавање на должноста командант на Воено-медицинскиот центар. Должноста командант на Воено-медицинскиот центар ја презеде потполковник Зоран Чанаковски од досегашниот командант, полковник Елизабета Наумовска Петрески.
На свеченоста присуствуваа kомандантот на Логистичка База полковник Мухарем Мухареми, претставници од ГШ и од останатите команди и единици на Aрмијата.
Во својот говор по повод kомандантот на Логистичка База полковник Мухарем Мухареми се потенцираше значењето на воено медицинскиот цента, при што оддаде признание на сите припадници кои дадоа и даваат голем придонес во професионалниот развој на единицата.
Притоа на досегашниот командант на Воено-медицинскиот центар му се заблагодари за вложениот личен придонес и постигнатите резултати на единицата, а на новопоставениот командант потполковник Зоран Чанаковски му го честиташе поставувањето на новата должност, посакувајќи му успешно раководење и командување со единицата.
Досегашниот командант на Воено-медицинскиот центар, полковник Елизабета Наумовска Петрески, во своето обраќање пред припадниците истакна дека оваа единица, како најголема воено-медицинска единица на Армијата, претставува синоним за хуманост, пожртвуваност и висок професионализам. На новиот командант на ВМЦ, потполковник Зоран Чанаковски, му ја честита новата должност и му посака со успех, мудрост и одговорност да ја води единицата, донесувајќи мирни и исправни одлуки, како и да ги надмине достигнувањата на сите свои претходници.
Новиот командант на ВМЦ, потполковник Зоран Чанаковски, истакна дека и во иднина со професионалност, одговорност и тимски дух, ќе продолжат да ја унапредуваат воено-медицинската служба и успешно да одговорат на сите задачи и предизвици што претстојат. Тој нагласи дека негов приоритет ќе биде грижата за луѓето, унапредувањето на меѓучовечките односи и создавањето услови за понатамошен професионален развој на сите припадници на Воено-медицинскиот центар.








